Алонсо: Не даваме голови во судиско продолжение на среќа, тој е нашиот менталитет

Бранителот на трофејот во Бундеслигата, Баер Леверкузен ја започна новата сезона со триумф на гостувањето кај Борусија Монхенгладбах од 2-3 и тоа изборен во судиското продолжение во кое херојот беше Флоријан Вирц. Во 101. минута младиот Германец прво промаши пенал па ја смести одбиената топка во мрежата.

Тренерот на „фармацевтите“, Чаби Алонсо ја прокоментира тешко издвоената победа, а се осврна и кон новиот триумф во судиското продолжение, нешто што беше „заштитен знак“ и во повеќе наврати се повторуваше и минатата сезона.

„Ова беше доста интензивен прв натпревар од Бундеслигата за нас. Многу работи се случија во второто полувреме, беше полно со емоции до самиот крај. Се снајдовме добро во многу фази, но не секогаш бевме толку компактни, понекогаш бевме малку пасивни. Треба да се подобриме и да бидеме поагресивни.

„Тешко е да се објасни зошто секогаш даваме голови во последните моменти. Не го тренираме тоа и не можам да влијаам на тоа. Тоа е менталитетот на тимот“, вели Алонсо.

Се вчитува...