Фернандо Алонсо ги разочара своите фанови најавувајќи дека е многу близу до завршување на својата кариера. Шпанецот има разочарувачки резултати во болидот на Мекларен, а откако британскиот тим повторно не успее да состави конкурентно возило Алонсо е многу близу до заминување, па дури и до завршување на кариерата.
„Најверојатно сум на крајот на својата кариера во Ф1. Имам 35 години, зад себе имам бројни успеси и титули, можеби сепак на мојата кариера и дојде крајот. Сакам да победувам, но не знам колку сум подготвен да чекам за такво нешто. Од година во година се обидувам таа сезона да не ми биде последн, не губам надеж за титули и победи, но не можам уште многу да издржам. За мене да сум среќен значи да се тркам и да победувам, а годинава се чувствувам како робот кој само настојува да стигне до што подобар пласман, далеку зад водечките“ – истакна Алонсо.
Договорот на Шпанецот со тимот на Мекларен истекува на крајот од годинава, а тој наскоро би требало да соопшти и официјално дали планира да ја продолжи соработката со овој тим, планира преселба во нова екипа или пак крај на кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА