Алонсо: Освоивме титула без пораз, камбек против Баерн Минхен е мала работа

Баер Леверкузен ќе има тешка задача да ја надополни негативата од три гола по првиот осминафинлен натпревар против Баерн Минхен во Лигата на Шампионите, поготово бидејќи дел од реваншот нема да биде најдобриот фудбалер Флоријан Вирц кој заработи повреда.

Но, и покрај тоа тренерот Чаби Алонсо е оптимистичен па порача на неговите фудбалери, но и на фановите да веруваат во триумф бидејќи пресврт на утрешната средба нема да биде потешко од освоена титула без пораз во Бундеслигата.

„Многу ми е жал за Фло, особено затоа што беше во одлична форма. Но, сега е вистинскиот момент да покажеме дека сме комплетен тим и дека можеме да победиме и без него. За него е важно да продолжиме во Лигата на шампионите за да може повторно да игра во ова натпреварување оваа сезона. Нема поголем предизвик од утрешниот ден без Фло.

Првиот чекор е да веруваме. Ние и навивачите кои ќе дојдат на стадионот. Тие мора да веруваат од првата секунда дека сме способни да направиме пресврт. Овој натпревар е на друго ниво за нас, може да стане дел од нашата историја ако играме со големо срце, страст, агресивност, интензитет и ладнокрвност. Знаеме колку е тешко, но понекогаш токму ваквите тешки моменти создаваат нешто епско. Се наоѓаме во ситуација во која немаме што да изгубиме. Единствено Баерн може да загуби нешто утре. 100 отсто од навивачите на Баерн веруваат дека нивниот тим ќе оди понатаму. Сигурен сум дека не многу навивачи на Бохум веруваа дека можат да победат откако Баерн водеше со 2-0, но тие направија пресврт и победија. Во фудбалот често се случуваат неочекувани работи, а утре тоа може да се повтори.

Ја освоивме Бундес-лигата без пораз. За мене, тоа веројатно е потежок предизвик од пресврт на утрешниот меч. Ова значи дека тимот е способен за големи нешта. Играчите го знаат тоа и го чувствуваат, што е најважно. Една ситуација што ќе се одвива во наша корист, еден прв гол може да направи огромна разлика утре. Мораме да ги најдеме и да ги испровоцираме тие моменти“, изјави Алонсо.

Се вчитува...