Алонсо отпаѓа, Баерн има нов фаворит за тренер

Актуелниот тренер на Штутгарт, Себастијан Хенес би можел да седна на клупата на Баерн Минхен. Медиумите во Германија тврдат дека Хенес се нашол високо на листата на фаворити за замена за Томас Тухел, кој на крајот на сезоната заминува од Минхен.

„Баварците“ се вртат кон Хенес, откако нивната прва желба Чаби Алонсо не изразува многу желба да се пресели во Минхен, и засега е фокусиран кон Ливерпул.

Хенес е многу познато лице во Минхен. Неговиот татко е Дитер Хенес, а е внук на главниот оперативец на клубот од Минхен, Ули Хенес.

Сепак, она што го препорача во Баерн, се одличните резултти со Штутгарт. Тимот во монентов е третопласиран на табелата, и блиску е да избори место во Лигата на шампионите идната сезона. Хенес ја игра формацијата која ја негува и Баерн, па би можел многу лесно да се вклопи во плановите на Баерн.

Се вчитува...