Алонсо отпуштен од болница, му претстои домашно лекување

По сообраќајната несреќа што му се случи на познатиот Ф1 возач, Фернандо Алонсо, Шпанецот беше задржан во болница во Швајцарија, а по 48 часа е пуштен на домашно лекување.

Веста беше официјално објавена од тимот на Алпин Ф1.

„После 48 часа поминати во болница во Швајцарија, Фернандо Алонсо беше пуштен на домашно лекување. Фернандо ќе помине еден период во целосен одмор пред тој постепено да започне да се подготвува за почетокот на сезоната“, рече тимот на Алонсо во краткото соопштение.

Алонсо имаше успешна операција на корекција на вилицата пред три дена. Сезоната во Формула 1 започнува на 28 март, а првата трка ќе се вози во Бахреин, каде пред тоа ќе се одржат официјални тестови.

Се вчитува...