Алонсо по поразот од Барселона: Ова ни е најневажното натпреварување

Реал Мадрид претрпе нов пораз од Барселона во директната битка за трофеј откако во Џеда загуби во Суперкупот на Шпанија со 3-2.

Тренерот на „кралевите“ Чаби Алонсо и покрај поразот е задоволен од играта на своите избраници. Шпанецот вели дека видел многу позитивни работи, истакнувајќи ја и борбата до самиот крај.

„Постојат мешани емоции. Од една страна разочарување што не успеавме да освоиме трофеј, но и гордост што момците покажаа карактер. Се боревме до крајот. Финалето беше изедначено. Бевме блиску“, изјави Алонсо кој потенцираше на тежината на натпреварувањето кое е најневажно за Реал Мадрид.

„Тоа е натпреварување во кое се соочивме со два големи ривали во само неколку деново сред сезона. Од сите натпреварувања кои ги имаме, ова е намалку важното. Треба да гледаме напред. Да се обидеме да ги рехабилитираме играчите и моралот и да одиме понатаму“

Се вчитува...