Фернандо Алонсо е подготвен по двогодишна пауза да се врати назад во Формула 1 шампионатот, откако денешната „вртелешка“ на Ф1-тимовите остави отворено место за него во Рено.
Ферари го доведе Саинц од Мекларен, британскиот тим на негово место го ангажираше Рикиардо од Рено, а челниците на францускиот тим решија да седнат на маса со Алонсо. Според весникот „Билд“, преговорите се одвивале многу брзо, експресно бил најден заеднички јазик околу клучните точки, па се очекуваа да биде постигнат целосен договор во следните неколку дена.
Искусниот 38-годишен Шпанец бил среќен што му се укажува можност за камбек во тимот со кој ги освои двете досегашни шампионски титули во кариерата. За Алонсо ова ќе биде трета авантура како член на Рено, откако возеше за овој тим од 2002 до 2006 и од 2008 до 2009 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА