Фернандо Алонсо на трката за ГН на Русија доживеа ново разочарување, уште едно во серија сезонава предизвикани од проблемите на Мекларен со моторите на Хонда. Двојниот светски шампион во Формула еден изјави дека е веќе уморен од празните ветувања дека проблемот ќе биде решен.
На патеката во Сочи, Алонсо не успеа да стигне ни до стартната рамнина, по што го заврши настапот уште на загревачкиот круг. Причината повторно беше во проблемите со моторот на Хонда.
„Тешко е сето ова. Секогаш ветувања за подобро претставување пред секоја трка и на крај пак исто. Овој викенд не можев да стигнам ни до стартот за да учествувам во трката во Русија. Почувствував дека немам моќ уште во загревачкиот круг, разговарав со тимскиот инжениер преку радио-врската и тој ми кажа да направам промена на воланот. Веднаш потоа моторот престана да работи и тука испаднав од трката. Немаше што да направам. Се подготвував изминатава зима како и секоја година пред стартот на сезоната со идеја дека ќе давам се од себе за време на трките , а сега дури не можам ни да стартувам! Не можам да не се лутам. Формула 1 е мојот живот и тука сум за да победувам“ – вели Фернандо Алонсо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА