Тренерот на Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо ги искажа своите очекувања од натпреварот против Висла Плоцк во Лигата на шампионите.
Тој очекува публиката во Битола да даде дополнителни мотиви, за добро да се влезе во мечот, и на крајот да се дојде до позитивен резултат.
„Висла има тим да стигне далеку до Лигата на шампионите. Тоа е голем проект не само во Полска, туку и на меѓународна сцена. Можеби не се во моментов каде би требало да бидат. За нас овој меч е клучен, особено што играме пред своите навивачи. И тука го гледам клучот на нашиот успех. Резултатот за да биде добар, мораме да бидеме добри уште од стартот на натпреврот. Пред нас 60 минути во кои ќе се обидеме да играме добро. Секојдневно имам позитивно искуство, сите љубители се тука со нас, пробуваме да смениме нешто, но одиме чекор по чекор. Задоволен сум од екипата, од работата на момците и се надевам дека тоа ќе резултира со победа утре“, рече Алонсо.
Тој потоа зборуваше за противникот, за кого има високо мислење.
„Имаат тренер кој има големо искуство во Лигата на шампионите, прави одлична работа во последните години. Обезбедија големи имиња во следниот трансфер период, и тоа зборува за тоа како работат и мислат на иднината. Но, не се непобедливи, и ние ќе се обидеме да го искористиме тој момент“, рече Алонсо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА