Заминувањето на Луис Хамилтон од Мерцедес во 2025 година ќе ослободи место во осумкратниот шампионски тим во Формула 1 шампионатот. Со оглед на малата достапност на врвни возачи на маркетот, едно од имињата кои се споменуваат за наследник на Британецот е искусниот Фернандо Алонсо.
Договорот на двократниот шампион со Астон Мартин завршува на крајот на сезоната по која што самиот вели прво ќе размисли дали воопшто за продолжи да се натпреварува во најбрзиот шампионат на светот, а тек потоа ќе донесе одлука за кој тим ќе биде тоа.
„Прво ќе одлучам дали воопшто ќе продолжам со целосна посветеност која Формула 1 ја бара. Морам да сфатам што сакам да правам и тогаш ќе седнам со Астон Мартин кој има приоритет. Кога ќе почне сезоната ќе анализирам и тек подоцна ќе одлучам. Ако не се договориме и ако сакам да продолжам имам привилегија бидејќи сум посакуван и во другите тимови. Единствениот светски шампион без договор за 2025 година сум јас“, вели Алонсо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА