Алонсо: Првото полувреме ни пресуди

Ракометарите на македонскиот шампион Пелистер го доживеаја и осмиот пораз во Лигата на шампионите сезонава, овој пат на гостувањето на Веспрем во Унгарија.

Лидерот на табелата беше преголем „залак“ за македонските ракометари кои не можеа да извлечат евентуален позитивен резултат.

„Желбата беше мечот да се почне цврсто. Сакавме да стартуваме добро, но натпреварот беше решен по само десет минути. Веспрем покажа моќ и веќе на полувреме имаше висока предност од осум гола. Во вториот дел игравме подобро но не беше лесно да се вратиме“ – истакна по мечот Алонсо.

Се вчитува...