Алонсо реален: Шансите за титула ни се сведени ни минимум

Баер Леверкузен драстично ги намали шансите за одбрана на титулата во Бундеслигата ремизирајќи со 1-1 против Сент Паули во 30. коло на најсилниот фудбалски шампионат во Германија.

По натпреварот разочарувањето од ремито не го криеше Чаби Алонсо кој на четири кола до крајот е свесен дека заостатокот од осум бода се премногу поготово во конкуренција со Баерн Минхен.

„Нормално дека трката се уште не е готова, но нашите шанси се сведени на минимум. Не порази големиот број на нерешени резултати оваа сезона. Кога станува збор за загубените натпревари, имаме само два како и Баерн. Но, не потонавме и не се предаваме, сакаме да се бориме во секое натпреварување до крај“, изјави Алонсо.

Се вчитува...