Алонсо: Сите одлуки околу составот на тимот се исклучиво мои

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, на прес-конференцијата пред натпреварот со Овиедо, решително го бранеше својот авторитет, не сакајќи да открие дали младиот талент Мастантуоно ќе го започне натпреварот.

Тој особено нагласи дека неиграњето на Родриг против Осасуна не е резултат на никакво барање од клубот и дека сите одлуки за тимот се исклучиво негови.

„Сигурно е дека ова е посебен натпревар за Овиедо и нивните навивачи. За нас, ова е само трета недела од почетокот на сезоната, но со нетрпение го очекуваме утрешниот меч. За мене, сезоната штотуку започна. Одигравме само еден натпревар. Сите одлуки за тимот се мои, исклучиво мои. Разговарам со сите играчи, вклучувајќи го и Родриго“, изјави Чаби Алонсо.

Се вчитува...