Со шест победи од шест натпревари досега, Реал Мадрид се подготвува за својот следен тест, а тоа е гостувањето кај Леванте . Натпреварот е во вторник во вонредното коло во Ла Лига.
На редовната прес-конференција пред мечот, Алонсо се осврна на голем број теми, вклучивајќи ја и Златната топка и незадоволството кај Винисисус кога беше заменет против Еспањол.
„Секој натпревар на гости е тежок. Леванте е конкурентен тим, како и нивниот тренер. Ќе мораме многу работи да направиме добро: да играме на високо ниво, со потребниот ритам и концентрација“, рече Алонсо и додаде:
„Се подобруваме, но сè уште сме во фаза на градење. Неодамна имавме сериозен, стабилен натпревар. Тоа ни ги покажува добрите работи што ги правиме. Помина многу малку време, речиси никакво, и мора да имаме амбиција за повеќе. Да бидеме гладни. Сакаме многу бодови, а за тоа мора да победиме на многу натпревари“, изјави Алонсо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

