Фантастичната сезона за Баер Леверкузен во која избраниците на Чаби Алонсо немаат пораз продолжи и на средбата против Фрајбург во 26. коло на Бундеслигата во која „фармацевтите“ славеа со 2-3.
Шпанскиот стратег по средбата не го криеше задоволството од новите три бода со кои неговиот тим ја задржа предноста од 10 бода пред Баерн Минхен на врвот на табелата, но напомена дека победникот можел да биде решен и пред домаќините во 80. минута да постигнат гол кој ги врати во игра за бодови.
„Можевме да го решиме натпреварот порано, пред резултатот да биде 3-2, но не го обвинувам тимот. Знаеме дека играњето во Фрајбург е секогаш тешко“, изјави Алонсо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА