Новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо говореше за овациите кои ги доби хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ при влезот во игра на последниот натпревар на ФИФА Светското првенство во Соединетите американски држави.
Модриќ доби шанса во 60. минута од средбата против Пачука па доби громогласен аплауз кој според Алонсо е и повеќе од заслужен.
„Тоа тој го заслужува поради тоа што е. Се надевам дека ќе ужива во вниманието кое му го даваат фудбалските навивачи од целиот свет. Сите препознаваат легендарна величина во неговиот фудбал“, изјави Алонсо.
Со 38 освоени трофеи Модриќ е најтрофејниот играч во историјата на Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

