Алонсо: Уште е рано за славење

Лидерот во Бундеслигата, Баер Леверкузен е блиску до освојување на првата историска титула, но тренерот Алонсо предупредува дека битката и натаму не е готова, и покрај тоа што имаат 13 бодови предност пред Баерн Минхен на седум кола до крајот.

Дури и Баерн Минхен и Томас Тухел кренаа раце и му ја честитаа титулата на Леверкузен, но Алонсо не сака ништо да остави на случајноста. Тој го најави мечот со Унион, и кажа дека и натаму е рано да се слави.

„Нашиот фокус е од натпревар во натпревар. Имаме добри шанси да ја освоиме титулата, но остануваат уште седум натпревари. Одиме во Берлин со нашиот најдобар тим и се надеваме дека ќе направиме уште еден чекор напред. Ние сме во одлична позиција, но уште ништо не е готово“, изјави Алонсо.

„Навивачите имаат добра меморија од минатото, и сега се трпеливи. Тие и натаму се сеќаваат што се случи во 2000 година и мечот со Унтерахинг“, рече Алонсо, кој се потсети на мечот во Унтерахинг кога Леверкузен во последното коло ја загуби титулата.

„Април е, ќе славиме кога ќе дојде време. Сега одиме чекор по чекор. Нема да зборуваме многу за трофеи, туку само за нашите следни ривали“, заврши Алонсо.

Се вчитува...