Фернандо Алонсо експресно стави крај на шпекулациите дека е подготвен на крајот од годинава да ја заврши тркачката кариера, најавувајќи дека сигурно ќе биде дел од Формула 1 шампионатот и во наредната сезона.
Двократниот Ф-1 шампион има 42 години, но со одличните настапи во болидот на Астон Мартин сезонава јасно покажа дека се уште може да се натпреварува на највисоко ниво.
„Гледам дека многу се зборува на оваа тема на социјалните мрежи, па сакам да дадм до знаење – јас не заминувам во пензија, рано ми е за такво нешто. Се чувствувам свежо, брзо, уживам во оваа авантура со Астон Мартин, мотивиран сум и не сакам да престанам да возам. Почетокот е навистина фантастичен, мислам дека никој од нас не очекуваше подиуми годинава, но успеавме да го оствариме тоа. Би било прекрасно кога би успеал да стигнам и до победа“, изјави Алонсо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА