Реал Мадрид не изгледа добро во последно време, а нов удар дојде во шестото коло од Лигата на шампионите и поразот од Манчестер Сити со 2-1 на „Сантијаго Бернабеу“.
Навивачите се разочарани, како и самите играчи, а првите погледи веднаш се насочени кон Чаби Алонсо. Во претходните денови се зборуваше за заминувањето на Алонсо од клупата на Реал, а многумина веднаш се заинтересираа што ќе се случи по поразот од Манчестер Сити.
На мадридскиот клуб не му требаше долго да реагира. И покрај тоа што се појавија информации дека ако не го победи Сити ќе добие отказ, тоа нема да се случи. Познато е дека останува на клупата на мадридскиот тим. Веднаш по последниот свиреж, тој замина во соблекувалната, а таму дозна дека останува на клупата барем до следниот меч.
Оваа вест ја објавија медиуми блиски до Реал Мадрид, дека клубот нема намера да бара нов тренер, и покрај очајната форма.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

