Алонсо: Верувам дека можам до титулата во Формула 1

Фернандо Алонсо се уште верува дека може да ја освои третата шампионска титула по охрабрувачкиот почеток на неговото партнерство со Астон Мартин што резултираше со три подиуми во првите три трки.

Шпанецот зад себе има 358 Ф1 трки и е најискусниот возач во историјата на спортот пред Раиконен кој е поранешен рекордер со 349 трки.

„Мислам дека кога почнав во Формула 1, мојата идеја беше да бидам седум или осум години дел од неа. Потоа освоив две првенства и мислев дека ќе се тркам можеби уште една или две години и потоа ќе престанам. Сега ја имам најдолгата кариера досега во Формула 1. Се уште сум свеж. Се уште сум мотивиран. Се уште уживам во секој ден. Се будам наутро и среќен сум што работам. Остануваат уште неколку години. Се надевам, како претендент за титулата во иднина. Но, мислам дека во овој момент мораме да останеме на земја. Целта на тимот е само да има добра сезона. Тие се мачеа многу во 2022 година, па мислам дека треба, да речеме, да одиме пред да трчаме“, изјави Алонсо.

Се вчитува...