Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо се огласи по повод инцидентот со неговиот играч Винисиус, кој гестикулираше за време на измената на дербито со Барселона во неделата.
Овој потег крена многу прашина, главно повеќе се зборуваше за тоа, отколку за триумфот на „кралевите“ од 2-1 на Ел Класико. Алонсо рече дека прашањето околу инцидентот е затворено, особено после извинувањето на Бразилецот.
„Во среда, после два дена одмор, се сретнавме. Вини беше беспрекорен, и зборуваше искрено. И јас сум задоволен. Се е одлучено. Тој даде многу позитивна и вредна изјава. Зборуваше од срце и го кажа она кое што сакаше да го каже. Најважно е што им го кажа на соиграчите и на навивачите. Прашањето беше затворено во средата. Сите сме на ист брод, и сите се движиме во ист правец“, рече Алонсо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

