Малерозната сезона на Фернандо Алонсо од Формула 1 се пренесе и при неговиот настап на Инди 500 трката, откако шпанскиот возач не успеа да го заврши ова натпреварување поради проблеми со моторот. Слично на проблемите што Хонда ги има на Ф-1 трките, повторно слабите перформанси на моторот беа причина за разочарувањето на врвниот возач.
Алонсо делуваше маестрално, па иако ова му беше прво натпреварување на Инди 500 тој возеше беспрекорно, а до моментот на незгодата се наоѓаше на седмото место. Дел од аналитичарите кои во живо ја следеа трката на половина од натпреварувањето го посочуваа токму Шпанецот како еден од фаворитите за победник, но не само што тоа не се случи, туку Алонсо остана без пласман.
„Ова ми беше најубавото искуство како возач во кариерата. Во моментов сум разочаран, но можам да ветам дека ќе се вратам, па ќе бидам уште подобар бидејќи ќе бидам побогат за ова искуство. Благодарност до сите фанови, се беше прекрасно“ – порача Алонсо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА