Тренерот на германскиот првак Баер Леверкузен, Чаби Алонсо ги искажа своите очекувања пред почетокот на Бундеслигата, и утрешниот воведен натпревар со Борусија Менхенгладбах на гости.
Шпанскиот тренер прашан дали „аспирините“ можат да ја повторат минатата сезона во која освоија двојна круна, тој кажа:
„Минатото е минато, и можеме да зборуваме само за она што ни претстои. Секој натпревар сега ќе биде уште потежок за нас, и очекуваме тоа да биде така и утре. Мораме повторно да заслужиме се. За повторно да ја освоиме титулата, потребни ни се добри настапи. Тоа е единствено нешто што ни е на ум, и сакаме да освоиме што повеќе бодови. Против Борусија Менхенгладбах очекуваме тежок натпревар. Постојат многу добри причини за добар меч и се надевам дека ќе отвориме со победа“, рече Алонсо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА