Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо по победата над Валенсија од 4-0, го коментираше натпреварот, и промашениот пенал на Винисиус при 2-0, кога Бразилецот не успеа да го совлада Хулен Агирезабала, кој му го одбрани пеналот.
Алонсо рече дека Винисиус не требало да го изведе пеналот, но не му замери што не го реализираше.
„Штета што го промаши пеналот, затоа што можеше многу порано да биде 3-0 за нас, а потоа Белингем го поситгна голот. Разочарувачки беше што можевме да постигнеме три гола претходно. Се знаат изведувачите пенали, Килијан е првиот. Потоа самите играчи ги носат одлуките. Ми се допаѓа кога сите изведуваат пенали, затоа што е тоа добро можност. Мбапе го постигна првиот гол од пенал, сакав и вториот, но не е важно. Мбапе останува прв изведувач на пенали и понатаму“, рече Алонсо.
За играта на Винисус, Алонсо потенцираше:
„Одигра многу добар натпревар“, изјави Алонсо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

