Алонсо за реакцијата на Вини: Сигурно ќе разговараме за неговиот потег

Ел Класико вчера мина со многу набој, со многу дуели, на крајот победа на Реал Мадрид. Поништени голови, поништен пенал, па досуден, но нереализиран пенал, и „капак“ на се беше реакцијата на Винисиус откако Алонсо се реши да го остави на клупата.

Тренерот на Реал Мадрид не сакаше многу да коментира за таа ситуација, и покрај тоа што „седумката“ на Реал имаше непригодна реакција откако беше испратен на клупата.

„Ајде да се фокусираме на убави нешта. Го добивме натпреварот, а Вини имаше голем придонес во тоа. Тој одигра многу добро. Ќе зборуваме за неговата реакција, во тоа сум сигурен, но приватно. Сега би се фокусирал само кон позитивни нешта“, рече Алонсо.

Се вчитува...