Маркос Алонсо на крајот на сезоната и дефинитивно заминува од редовите на Барселона. Договорот на шпанскиот лев бек истекува и нема да биде продолжена соработката која траеше од 2022 година.
Алонсо заминува од Барселона како слободен играч, но не и од Шпанија, откриваат тамошните медиуми. Следна дестинација за 33-годишникот ќе биде Мадрид каде се очекува да ги засили редовите на Атлетико. Преговорите се во завршна фаза и се очекува наскоро да биде ставен потпис за повеќегодишна соработка.
Со реализација на овој трансфер Алонсо ќе влезе во историјата на шпанскиот фудбал со настап за трите најголеми клубови. На почетокот на кариерата тој беше дел од Реал Мадрид за кој има и еден официјален настап во 2010 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

