Алонсо: Заминувањето на Клоп ме изненади, а јас сум среќен во Леверкузен

Шпанецот Чаби Алонсо се споменува како најсериозен кандидат за клупата на Ливерпул, на местото на Јирген Клоп кој најави дека си заминува по завршувањето на сезоната.

Алонсо прави одлични работи со Баер Леверкузен, на чело на табелата е во Бундеслигата, нема загубен натпревар во ниту едно натпреварување, и е на дофат до титулата во Германија.

Алонсо денеска зборуваше за смената на Клоп, но и за шпекулациите дека тој ќе биде идниот менаџер на Ливерпул.

„Шпекулациите се нормална работа, но јас сум среќен тука во Баер Леверкузен. Многу сум среќен со моите играчи во моментов. Заминувањето на Клоп е големо изненадување, тоа сигурно, затоа што Јирген направи со Ливерпул резултати за респект“, рече Алонсо.

Се вчитува...