Алонсо: Заслужен пораз, не бевме на нивото на Реал Мадрид

Реал Мадрид претрпе тежок пораз од 5-2 против Атлетико во градското дерби. И покрај тоа што имаше предност од 2-1, сепак, до крајот на мечот прими четири гола и на крајот го претрпе првиот пораз во новата сезона.

Тренерот Чаби Алонсо го призна поразот и кажа дека од ова мора да бидат извлечени поуки.

„Лош натревар за нас. Не бевме на нивото на кое требаше да бидеме. Во фаза сме на градење, но мора да извлечеме поуки од она што се случи, затоа што тие ќе ни бидат од корист во иднина. Не почнавме добро, како да се преценивме себе си. Во целина беше лош натпревар. Не сакам да ги коментирам судиите, но поразот е заслужен без оглед на судењето“, изјави тренерот на Реал Мадрид.

Се вчитува...