Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо застана во одбрана на својот поранешен фудбалер Флоријан Вирц кој изминатото лето исто како и шпанскиот стратег замина од Баер Леверкузен и се пресели на „Енфилд“ каде засега е само бледа сенка од неверојатните партии кои ги пружи настапувајќи за германскиот тим.
Во пресрет натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул, Алонсо имаше интересна изјава поддржувајќи го фудбалерот кој беше најдобар поединец во шампионскиот Баер Леверкузен.
„Доаѓањето во Ливерпул е голема промена за него и му треба време да се адаптира. Тој е посебен играч, има квалитет, карактер и многу е компетитивен. Поради него веројатно и добив работа во Реал и за тоа сум му многу благодарен“, изјави Алонсо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

