Поранешниот НБА кошаркар Алонзо Морнинг кој своевремено беше двократен најдобар дефанзивец на најсилната светска лига, во изминатиот период имаше здравствени проблеми. Според информираниот новинар Адријан Војнаровски, , „Зо“ бил опериран од рак на простата.
За среќа, се поминало според планот, болеста не се проширила и сега 54-годишникот е безбеден од злобната болест. Во оваа прилика, Морнинг апелираше до мажите редовно да одат на прегледи за да се спречи можноста нешто сериозно да тргне наопаку.
„Само во САД има дури 3,3 милиони мажи кои живеат со рак на простата. Многумина од нив не ни знаат, а јас бев еден од нив“, изјави Алонзо Морнинг.
Болеста била дијагностицирана при редовен преглед кај уролог од Флорида. Морнинг исто така имал лоша медицинска историја, бидејќи и татко му и дедо му имале рак на простата.
По студирањето во Џорџтаун, Морнинг играше во НБА од 1992 до 2008 година, а ги носеше дресовите на Шарлот, Мајами и Њу Џерси. Со Хит во 2006 година како ветеран стана шампион во НБА. Беше седумкратен Ол-стар, а во 1999 година беше избран во идеалната петорка на НБА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

