Алпарслан Ердем е нов тренер на Работнички

Доскорашниот тренер на Шкупи Алпарслан Ердем е назначен за нов шеф на стручниот штаб на Работнички. Тој доаѓа на местото на Бојан Маркоски кој ја почна сезоната, но неговиот тим не успеа да освои ниту еден бод во првите три кола, и тоа беше клучно за раздлба.

Ердем пред Шкупи го водеше Фатих Карагумрук најпрво како асистент, а потоа и како прв тренер. Оваа година дојде на Чаир, но не се задржа долго поради проблемите со кои се соочува чаирската екипа.

Работнички е првиот тим кој направи тренерска смена на почетокот на сезоната.

Се вчитува...