Фудбалскиот клуб Работнички денеска соопшти дека се раздели од досегашниот шеф на стручниот штаб Алпарслан Ердем, по серијата на лоши резултати на клубот. Ердем не успеа да да ја подигне екипата по преземањето на кормилото, на кое беше Бојан Маркоски. Тимот и натаму се наоѓа на претпоследното место, и до крајот на сезоната му престои жестока битка за опстанок.
Работнички исто така соопшти дека е прекината соработката и со тренерот Бобан Бабунски, кој му асистираше на Ердем. Сега „романтичарите“ ќе го добијат и третиот тренер во оваа сезона.
Тимот од Дебар Маало се наоѓа на претпоследната позиција со само една победа и четири нерешени резултати, и со седум бодови е во зоната на испаѓање. Има четири помалку од Пелистер, и пет од Тиквеш. На клубот ќе му треба една долга победничка серија за да излезе од оваа зона, а нивна среќа што Шкупи и сега Македонија ЃП се најсериозни кандидати за напуштање на „елитата“, а „романтичарите“ ќе се борат да го избегнат најлошото сценарио.
Новиот тренер, кој треба да биде назначен во следните денови, ќе има тешка задача на дебито, со оглед дека идното коло Работнички гостува кај Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

