Францускиот Формула 1 тим Алпин го претстави болидот за новата сезона кој ќе го носи името „А523“. „A523“ доаѓа во сега веќе традиционалната сино-розова боја.
Алпин минатата сезона беше четврти во конкуренција на конструктори, а во новата сезона целта е минимум да се задржи таа позиција и да се намали заостатокот зад водечката тројка Ред Бул, Ферари и Мерцедес. Во болидите тимот ќе има двајца домашни возачи, Естебан Окон и Пјер Гасли. .
Окон и Гасли се познаваат многу добро, бидејќи двајцата се натпреваруваа во детството кога како шестгодишници беа ривали во картинг.
Here we have it everyone, the A523 🤩 #Alpine #A523 #F1 pic.twitter.com/8tK8qvecdA
— BWT Alpine F1 Team (@AlpineF1Team) February 16, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА