Алтипармаковски потпишува за Сараево

Македонскиот фудбалски интернационалец Марјан Алтипармаковски, кој минатата сезона ја мина во редовите на Судува, е пред потпис со босанскиот прволигаш Сараево. Тој е во завршни преговори со раководството на еден од најпознатите клубови во поранешна Југославија, каде што настапува и уште еден Македонец, Крсте Велкоски. Алтипармаковски ќе потпише договор на 18 месеци.

Босанските медиуми информираат дека раководството на Сараево се фокусирало на ангажман на Марјан Алтипармаковски, откако пропаднале преговорите со Марко Обрадовиќ и дека соработката е изгледна.

Алтипармаковски досега има настапувано како интернационалец и за Интер Запрешиќ, Панилиакос и за Ксанти, а во периодот поминат во Работнички на 63 настапи постигна 20 гола.

 

Се вчитува...