Македонскиот напаѓач Марјан Алтипармаковски е најдобриот играч во денешната победа од 5-1 на Судува против Тракаи во дербито од 24. коло во шампионатот на Литванија.
Алтипармаковски беше двоен стрелец во триумфот од 5-1, најпрво погодувајќи во 28. минута за 1-1, откако гостите поведоа уште од 10. минута. А потоа македонскиот фудбалер стрелаше и во 55. минута за водство од 3-1.
Македонскиот офанзивец досега има три погодоци во литванското првенство откако се приклучи на својот нов тим. Судува по 20 одиграни натпревари е на третата позиција со 35 бода, девет бода помалку од второпласираниот Тракаи кој има и три натпревар повеќе. На водечката позиција е Жалгирис со 51 бод, од 23 одиграни натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА