Алушовски: Без одбрана не можете да се надевате на позитивен резултат

Ракометниот шампион на Македонија со пораз на гостувањето кај Барселона се прости од годинашното издание во Лигата на шампионите. Во натпревар кој немаше никакво резултатско значење домаќините славеа со 47-27.

На прес-конференцијата краток и јасен беше тренерот на битолчани Стевче Алушовски…

„Сакам да и ја честитам победата на Барселона. Тие беа подобри во секој аспект на ракометната игра. Имавме многу бавен напад, не бевме доволно агресивни во играта во одбрана. Мислам дека го срушивме рекордот на Загреб и примивме 47 гола. Едноставно, кога играте во Барселона без одбрана, не можете да се надевате на некаков позитивен резултат“, изјави Алушовски. 

Се вчитува...