Ракометарите на Вардар продолжуваат со маратонот во месец февруари. Црвено-црните по двата меча со Елверум во Лигата на шампионите ги очекува гостување во сабота против Мотор Запорожје во СЕХА лигата. Тренерот на „вардарци“, Стевче Алушовски вели дека доколку успеат да го затворат Малинскас имаат шанси да го добијат мечот против одличниот противник.
„Искрено психички и физички многу не исцрпи натпреварот со Елверум. Малку време имаме за да се подготвиме за Мотор. Патуваме за Запорожје, а денеска ќе имаме тренинг пред дуелот кој е закажан за утре. Мотор е квалитетна екипа, која има добри резултати во Лигата на шампионите. Игра модерен и брз ракомет, со многу транзиција и трчање. Имаат нов тренер и играчи, кои прераснуваат во носители на играта. Најважно е како ќе се справиме со Маласинскас, кој е мотор на тимот и сè тргнува од него. Не сме без шанси, ќе дадеме максимум за да дојдеме до позитивен резултат“, вели тренерот на Вардар.
Натпреварот меѓу Вардар и Мотор Запорожје е закажан за утре со почеток во 20:15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА