Ракометарите на Работник ќе мораат да ги остават зад себе разочарувачките минимални порази од Лигата на шампионите и целосно да се фокусираат пред следниот предизвик во СЕХА-лигата. А тој не може да биде поголем, со оглед на фактот дека „фармацевтите“ утре на домашен терен ќе го пречекаат актуелниот европски вицешампион Веспрем.
„Гостувањето на Веспрем во Битола е празник на ракометот. Европскиот вицешампион преполн со звезди доаѓа во нашиот град, тоа ќе биде посебен настан и со право очекуваме полни трибини. Со оглед на буџетите Веспрем е пред нас, ако се играше само по име Унгарците не ни мораа да доаѓаат во Битола. Знаеме дека се посилни, но на терен може да се случи буквално се. Ние ќе дадеме максимум, што е во наша моќ да бидеме достоен репрезент на македонскиот ракомет“, истакна тренерот Стевче Алушовски.
Репрезентативецот Никола Маркоски е единствениот што поради повреда нема да му биде на располагање на Алушовски за овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА