Вардар му одржа лекција на Пелистер 35-27 во првиот директен дуел во борбата за титулата во домашниот ракометен шампионат. Тренерот на „црвено-црните“ Стевче Алушовски вели дека оваа победа е голем чекор за освојување на 14. титула на Вардар.
„Најпрво честитчки на Пелистер на фер и коректната борба. Пред се во одбрана изигравме извонреден меч. Мислам дека крајниот резултат не е вистински одраз за тоа што се случуваше на теренот. Жалам што не победивме со поголема разлика, но што е тука е. Некој да ни понудеше осум разлика пред мечот сигурно ќе прифатевме. Им честитам на моите ракометари на пожртвуваноста и карактерот кој што го покажаа. Се што догоривме испочитувавме и мислам дека ова е голем чекор на освојување на 14. титула на Вардар во домашното првенство“, изјави Алушовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА