Стевче Алушовски сосема очекувано не го криеше задоволството од реализацијата на зацртаната цел на челот на Вардар сезонава – освојувањето на шампионската титула.
Алушовски трофејот го посвети на играчите на клубот истакнувајќи дека му е чест што работел со оваа група на момци.
„Ова за мене е прва титула како тренер и навистина сум горд на неа. Но, мора да кажам дека ова е титула само на ракометарите и оваа група момци, затоа што ние како стручен штаб сме само нивни сервис. Презадоволен сум, пресреќен и горд на момците и на сите што работат во клубот. За жал оваа сезона ја игравме без публика, со најверните навивачи ова ќе беше уште повеличествено. На Вардар му посакувам во иднина уште многу двојни круни“ – истакна Алушовски по синоќешниот меч, на некој начин најавувајќи ја и разделбата со клубот.
„Околу мојата иднина на клупата на клубот ќе разговараме по завршувањето на сезоната затоа што не чекаат уште два натпревари со Металопластика во СЕХА-лигата. Ќе имаме разговори, но најверојатно Стевче Алушовски нема повеќе да биде тренер на Вардар“ – истакна стратегот на црвено-црните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА