Тренерот на ГРК Охрид, Стевче Алушовски е задоволен со победата од 31-25 на првиот натпревар против Потаиса Турда од 2 коло во ЕХФ купот, но верува дека оваа негова екипа има квалитет и потенцијал за многу повеќе од тоа што го прикажува на терен.
Охриѓани имаат добра залиха пред реваншот во Романија, а Алушовски верува дека ако се оди и на вториот меч со добар пристап на крај неговата екипа ќе се радува на пласман во следната рунда.
„Им честитам на моите играчи за победата, за борбеноста за залагањето, и покрај тоа што многу малку во напад испочитуваа од тоа што се договоривме пред мечот. Сепак, постигнавме 31 гол, а во одбрана бевме коректни. Верував дека Турда може да ја добиеме и со поголема разлика, затоа што знам дека овие играчи можат многу повеќе и треба да веруваат повеќе во себе. Оваа екипа има голем потенцијал, но на терен, според некој мој критерум, малку покажуваме од сето тоа. Во секој случај, некој да ни понудеше шест разлика пред почетокот на мечот ќе прифатевме со две раце“ – вели Алушовски по европскиот натпревар и дополнува:
„Ова е само прво полувреме, во реваншот одиме да се бориме и на крај верувам дека ние ќе се радуваме“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА