Ракометарите на Охрид завршија на седмото место на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ кој се одржа во нашиот најголем туристички центар.
Тренерот Стевче Алушовски, не е задоволен од играта на неговиот тим и залагањето на играчите на турнирот, нагласувајќи дека на натпреварите многу малку се спроведувало тоа што се работело на тренинзите.
„Резултатот е секогаш приоритет на екипа како Охрид која претендира да биде постојано учесник во Европските купови и да се бори за што повисок пласман. И кога ќе се изгуби и кога ќе се победи важно е како изгледаме на теренот и дали го спроведуваме тоа што го работиме. Мислам дека првите два натпревари против Вардар и Целје многу малку од тоа што работевме во припремниот период беше спроведено на терен и резултатот беше таков каков што видовте. Со Вардар едно катастрофално издание изгубивме со 13 разлика. Со Целје беше малку подобро промашивме некои битни шутови, меѓутоа јас повторно и да победевме немаше да бидам задоволен бидејќи не е тоа што го работиме на тренинг спроведено на терен“ – вели Алушовски.
Алушовски вели дека не е задоволен од тактичката дисциплина на мечот со Партизан. Единствено на натпреварот со Ловќен екипата изгледала така како што треба.
„Секако не сум задоволен од резултатот, седми сме на турнирот. Останува напорно да работиме имаме уште две недели до почеток на првенството. Имаме уште три натпревари на турнирот во Прилеп, натпревари кои ќе ги искористиме повторно да видиме кој колку може и каде може да одговори на задачите кои ги барам и мислам дека ќе бидеме максимално подготвени за стартот на новата сезона“ – дополнува Алушовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА