Македонскиот ракометен стратег Стевче Алушовски и официјално е промовиран во нов тренер на суперлигашот ГРК Охрид.
Алушовски својата тренерска кариера ја градеше во најдобрите македонски тимови РК Пелистер, РК Еурофарм Работник и РК Вардар, како и во исландскиот Тор Акурејри. Како играч има богата ракометна кариера во големите македонски тимови РК Пелистер, РК Јафа Промет, РК Вардар и Металург.
„Среќен сум што повторно после двегодишна пауза се враќам во македонакиот ракомет, а посебно затоа што го превземам амбициозниот проект на РК Охрид. Во разговор со градоначалникот на Охрид г-дин. Кирил Пецаков и се она што ми беше презентирано како идни планови на клубот претставуваат убав и голем предизвик за мене да сите заедно направиме од РК Охрид репрезент на градот кој несомнено сака спорт и знае што е квалитетен спорт. Среќен сум и возбуден бидејќи претстои макотрпна работа на сите во клубот да го доведеме РК Охрид на едно повисоко скалило односно клуб кој ќе настапува во Европа и достојно ќе го репрезентира македонскиот и охридскиот спорт“, изјави новиот тренер на ГРК Охрид, Алушовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА