Тренерот на Работник, Стевче Алушовски, денеска ја одржа првата прозивка и означи старт на подготовките за новата сезона, историска за битолскиот клуб кој ќе дебитира во Лигата на шампионите, како и во регионалната СЕХА-лига.
На денешниот собир се појавија вкупно 24 ракометари, меѓу кои и седумте нови засилувања: Митревски, Маџовски, Велковски, Вегар, Јотиќ, Ратајац и Шевелев.
Предвидено е битолчани од утре да заминат за Маврово, каде ќе минат две фази од подготовките. Кко дел од подготовките тимот на Работник ќе учествува на турнирите во Струга и Добој.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА