Стевче Алушовски ja имаше првата прозивка во 2021 година во РК Вардар, при што тренерот на „црвено-црните“ на располагање ги немаше ракометарите кои се дел од своите репрезентации во овој предмундијалски период.
Првиот тренинг мина во опуштена атмосфера, ракометарите дел од него искористија за да ги покажат своите фудбалски вештини, но јасно е дека како што ќе минува времето така и подготовките ќе стануваат се посериозни, пред се ако се земе во предвид пеколниот распоред што Вардар ќе го има во февруари (седум средби од ЛШ плус натпревари од СЕХА-лигата).
Според првичните најави, „црвено-црните“ нема да заминат на висински подготовки туку тренинзите во следните дваесетина дена ќе ги одржуваат во Скопје, се до дуелот со Војводина од СЕХА-лигата, што ќе се игра на крајот од јануари и ќе биде прв меч на Вардар во овааа 2021 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

