Алушовски: Сезоната да ја почнеме со победа, четвртото место е наша цел

Македонскиот ракометен вицепрвак, Еурофарм Работник дебитантската сезона ов СЕХА лигата ја отвора на домашен терен в среда против рускиот Спартак Москва кој исто така првпат ќе појавува во натпреварувањето. Тренерот Стевче Алушовски се соочува со проблеми околу повредени играчи.

„Нашиот прв противник е доста квалитетен, има неколку руски репрезентативци и затоа очекувам тежок и цврст натпревар. Наше е да го дадеме максимумот на овој меч и да ја стартуваме лигата со победа. Би сакале и очекуваме во овој дел од сезоната е да бидеме зад фаворитите Мешков Брест, ППД Загреб и Веспрам, а тоа значи четврто место. Така би добиле поповолен противник во елиминационата фаза и шанса за голем успех. Имаме неколку ракометари кои се жалат на ситни повреди и не знаеме дали ќе ги имаме подготвени за овој дуел. Пред сè мислам на репрезентативците Кукоски и Митревски. Сезоната е долга, и не очекуваат многу тешки натпревари“ – вели Алушовски.

Капитенот Гоце Ојлески очекува победа на стартниот дуел и  се надева на силна поддршка од битолската публика.

„Ние како клуб, но и Битола заслужуваме да бидеме дел од европската и регионалната елита. Битола е ракометен град и ја сака оваа игра“ – рече Ојлески.

 

Се вчитува...