Алушовски тргна со Е.Пелистер

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер, го одработи првиот тренинг под водство на новиот тренер Стевче Алушовски.

Алушовски пред неколку дена беше назначен за нов предводник на битолските „зелено-бели“, кои беа без тренер по раскинот со шпанскиот стручњак Рубен Гарабаја.

Алушовски ќе има цел да ја одбрани титулата во домашниот шампионат, а тука се и натпреварите во Лигата на шампионите, каде битолската екипа ја чека невозможна мисија за пласман во следната фаза.

Се вчитува...