Ракометарите на македонскиот шампион Е. Пелистер синоќа одиграа реми 28-28 на гостувањето во Данска кај ГОГ Гудме во натпревар од 12. коло од новата сезона во Лигата на шампионите.
По натпреварот, тренерот Стевче Алушовски беше задоволен од играта на својот тим.
„Направивме неколку грешки во првото полувреме, но нашата игра значително се подобри по паузата. Особено во играта „седум на шест“ покажавме голем квалитет. Постигнавме многу голови преку цврста и физички силна игра, и генерално верувам дека го заслуживме овој резултат“, изјави македонскиот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

