Алушовски: Веспрем го заслужи трофејот

Сигурната победа на Веспрем со која го детронизираше Вардар во СЕХА лигата ја покажа моменталната разлика во квалитетот на двете екипи кои беа дел од финалето од Ф4 турнирот во регионалното натпреварување. Ова го признава и тренерот на Вардар, Стевче Алушовски.

„Пробавме со 7 на 6 со цел побрзо да се враќаме затоа што Веспрем има одлична транзиција. Пробавме да изненадиме. Потоа се вративме на 6-6, но Веспрем во овој момент е поквалитетен тим и им честитам на заслужената титула во СЕХА лигата“ – вели Алушовски.

 

 

 

Се вчитува...