Алушовски заминува од Охрид, поранешниот српски селектор Ројевиќ го презема кормилото!?

Поранешниот тренер на Војводина, Борис Ројевиќ ќе биде новиот тренер на македонскиот суперлигаш ГРК Охрид, тврди српскиот „Моцартспорт“.

Како што пренесува „Моцартспорт“, од следната сезона Ројевиќ ќе седне на клупата на Охрид, заменувајќи го Стевче Алушевски, како дел од новиот проект на охриѓани за дополнително освојување на домашната ракометна сцена, и израмнета борба со водечката тројка Алкалоид, Вардар и Пелистер.

Ројевиќ седум години успешно ја водеше Војводина освојувајќи 20 трофеи, со тотална домашна доминација и освојување на Купот на ЕХФ во 2023 година. Но, токму пред три дена одлучи да замине од клубот.

Поранешниот српски селектор наскоро треба и официјално да потпише договор со Охрид и на лето на клупата да го замени Стевче Алушовски. Неофицијално сработката со ГРК Охрид и Ројевиќ е договорена, а должината на договорот се очекува да биде финализирана наредниве денови.

Се вчитува...